Барса го продаде Силесен на Валенсија за дури 35 милиони евра, ама има една финта, ќе треба да го купи Нето за 30 милиони

by
1 минути читање

Она што синоќа
беше најавено на социјалните мрежи, денеска доби и официјална потврда.
Валенсија го купи Јаспер Силесен, Холанѓанецот стави потпис на четиригодишен
договор и доби откупна клаузула од 80 милиони евра.

„Лос че“ на
Барселона ќе и плати дури 35 милиони евра, со што Холанѓанецот, иако е резерва на Камп Ноу, ќе стане шестиот
најскап голман во историјата зад Кепа, Алисон, Буфон, Едерсон и Куртоа.

Сумата е прилично
изненадувачка, но има една финта. Барселона најголемиот дел од парите веднаш ќе
ги врати и ќе го купи голманот на Валенсија, Нето за околу 30 милиони евра.

Двата клуба со
една ваква зделка всушност ги „штелуваат“ сметките во своите биланси, каде ќе
забележат големи капитални добивки и ќе направат да изгледа дека се во ќар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани