Навивачите на
Барса чекаа абер за нов трансфер во последниот ден од преодниот рок, но на Камп
Ноу нема да пристигне ново име.
Осман Дембеле не
се пресели во Манчестер јунајтед, па Французинот го блокираше трансферот на
Мемфис Депај.
Големи надежи имаше
за Ерик Гарсија, но дефанзивецот ќе почека друг преоден рок да се врати на Камп
Ноу. „Каталонците“ понудиле 10 милиони евра, плус додатни 8 милиони во бонуси,
но Манчестер Сити инсистирал на 10+10, па двата клуба не постигнаа согласност.
Депај и Гарсија ја
одработуваат последната година од договорите, па доколку не стават потпис на
нов, веќе во јанури ќе можат да си подадат рака со Барса и следното лето за беспари
да се преселат на Камп Ноу.
Раководството на
Барса денеска сепак успеа да се ослободи од двајца играчи на кои не смета
Роналд Куман.
Жан Клер Тодибо е
испратен на позајмица во Бенфика вредна 2 милиони евра, а „орлите“ ќе имаат
опција во целост да го купат Французинот за додатни 20 милиони евра.
Рафиња пак се
сели во ПСЖ. Барселона на почетокот од преговорите побарала 16 милиони евра,
но на крајот е прифатена понуда од 3,5 милиони евра во бонуси, плус 35% од
следната продажба.