162
Челси како сериозен фаворит влезе во дуелот со Барнсли, но тимот на Томас Тухел се намачи за да дојде до победата.
Отпорот на домаќините беше скршен во 64. минута кога по асистенција од Џејмс, Абрахам постигна лесен гол за водство од 1-0 кое значеше и победа.
Од некои снимки се чинеше дека погодокот е постигнат од офсајд позиција, но потоа случајот беше прикажан и со линии по што се виде дека погодокот е регуларен.
На терените на кои не играат Премиерлигашите, нема ВАР во англиските купови.
Претходно Саутемптон со 2-0 победи на гостувањето кај Вулвс и избори пласман во четвртфиналето.