Барнли доби нов сопственик, Американци станаа газди за 200 милиони фунти

by
1 минути читање

Конечно е
комплетирана зделката со која АЛК Капитал стана нов сопственик на Барнли,
Премиерлигата даде зелено светло клубот да премине во рацете на компанијата од
Делавер.

Детали не беа
откриени, но медиумите шпекулираат дека Амариканците платиле околу 200 милиони
фунти за 84% од акциите.

Алан Пејс ќе стане
нов претседател, додека поранешниот претседател и сопственик, Мајк Гарлик ќе биде
дел од новиот борд на директори, каде ќе членува и порнашениот акционер, Џон
Банаскијевич.

„Клубот има
богата историја, брилијантна академија и голема армија страсни навивачи, овој
клуб има солидни темели на кои можеме да продолжиме да градиме“ 
– вели Пејс, кој е поранешен прв човек на МЛС
клбот Реал Солт Лејк.

Еден од првите
приоритети на АЛК Капитал ќе биде состанок со тренерот Шон Дајч со кого ќе треба
да направат план за настап на трансфер пазарот во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани