Барди повторно се повреди

by
1 минути читање

Барди паузираше три месеци поради повреда на грбот, а сега брзо откако се врати повторно треба да биде надвор од теренот.

Овој пат станува збор за полесна повреда на бутниот мускул за која веројатно ќе му треба пауза од само неколку дена.

„Енис Барди изаработи мускулна повреда во десната нога. Му беа направени медицински тестови откако почувствува нелагодност на утринскиот тренинг. Тој нема да биде во комбинација за петочниот меч против Атлетик Билбао, неговата состојба ќе се следи и се надеваме дека ќе биде фит за полуфиналниот меч од купот на Шпанија“, се вели во соопштението на Леванте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани