И минатата недела се појавија гласини дека Балотели е во лош однос со клубот, тој почна да тренира но не со првиот тим. Напаѓачот тренираше сам, одвоен од сите со тренери од второ ниво во сручниот штаб, на терени каде кои се резервирани за младите фудбалери.
Тренерот Диего Лопез и останатите од составот продолжија да тренираат на терените предвидени за првиот тим.
Тоа траеше неколку дена, но Балотели вчера не се појавил воопшто на тренинг.
Кога новинар од „Газета дело Спорт“ ги исконтактирала луѓето од Бреша со прашање што се случува со Балотели, одговорот бил: „Немаме коментар“.
Балотели кој во август ќе наполни 30 години, има договор со Бреша до јуни 2022 година, но сигурно ќе си замине по крајот на оваа сезона.
Тој постигна само пет гола на 19 натпревари во Серија А, Бреша е на дното со 16 освоени бодови од 26 кола и голема е веројатноста дека ќе испадне.
Однесувањето на Балотели може е и дел од тактиката на Мино Рајола за напаѓачот полесно да биде пуштен од клубот и да замине на друго место.