Аргентинецот
одново е топ тема откако продуцираше нова фудбалска магија и со два гола ја
предводеше Барселона до голема победа од 3-0 над Ливерпул во полуфиналето.
И додека првиот
гол беше рутинска реализација откако се најде на прво место во право време,
вториот беше погодок за паметење и перфектно изведен слободен удар.
Со овие два гола,
тој исто така стигна до бројката од 600 погодока во дресот на Барселона и му се
приклучи на Кристијано Роналдо. Па оние кои се љубители на неговата игра повторно
го величеа. Свое видување даде и Марио Балотели кој имаше уникатен пост на
Инстаграм.
Контроверзниот
напаѓач го опиша Лео како феномен и порача: „За доброто на фудбалот, ве
молам не го споредувајте Меси со играчот со број 7 од Јувентус“.
Ова не е прв пат
„Супер Марио“ да упатува зајадлив коментар на адреса на Кристијано Роналдо.
Слично беше и кога Португалецот стана првиот играч кој освоил титула во
Англија, Шпанија и Италија. Балотели тогаш напиша дека ЦР7 забележал ваков рекорд само поради тоа што тој
никогаш не играл во Шпанија.