72
Според
информациите кои ги пренесува „РМЦ“, агентот на Марио Балотели, Мино Рајола
преговара со Олимпик Марсеј за својот фудбалер.
Интересот од
страна на финалистот во Лига Европа од изминатата сезона за Балотели е познат
веќе неколку седмици, но Олимпик Марсеј се двоумеше да оди со официјална понуда
за напаѓачот.
Договорот на
Балотели со Ница технички истекува на крајот на овој месец, но тој сепак има
клаузула со која на Ница би и припаднале 10 милиони евра.
Популарниот „Супер
Марио“ подолг период се поврзуваше со враќање во Серија А, во прашање беа
Наполи, Рома, па дури и старо-новиот италијански прволигап Парма.