Давиде Балардини по четврти пат седна на столчето на Џенова и веднаш почна со победа, синоќа неговиот тим со 2-1 победи на гостувањето кај Специја.
Тој отркива дека во меѓувреме имал уште две понуди од Џенова кои ги одбил, но овој пат не можел, сакал да му помогне на тимот да излезе од кризата.
„Ова беше убава победа, задоволен сум бидејќи одигравме како тим и тоа е она што сакам да го видам. Се уште треба да напредуваме во двете фази“, вели Балардини.
„Џенова ме контактираше двапати во минатото. Овој пат не очекував повик од претседателот, но Џенова се мачеше и сакав да помогнам. Реков ДА, бидејќи сакав да се вратам. Помина некој период како бев без работа и навистина сакав да се вратам во Џенова“.
„Сакам да бидеме јасни, верувам дека на овој тим му се потребни некои прилагодувања. Сакам да играме офанзивен фудбал, сакам да ја држиме топката и да видам агресивен пристап. Се уште треба да напредуваме, но денеска бевме скромни и тоа е добро однесување како стартна точка“.