Манчестер јунајтед го купи Баји од Виљареал како релативно непознат дефанзивец. Но играчот од Брегот на Слоновата Коска импресионираше уште на своите првите натпревари во Премиерлигата.
Повредата и настапот на Африканскиот Куп на Нации го оневозможија уште подобро да го запознае јавноста, но сега повторно е во стартниот тим на Јунајтед.
„Што најдов поразлично кај Мурињо од другите тренери е тоа дека тој многу повеќе индивидуално поминува време со тебе. Ги разгледува ситуациите од натпреварите кои се одиграле и наоѓа време да разговара посебно со играчите за тоа. Таквиот начин на работа многу ми помага“ – вели Баји.
„Изненаден сум што толку брзо влегов во тимот и многу сум благодарен на стручниот штаб, тренерите, навистина сите ми помогнаа да се прилагодам“.
„Млад фудбалер сум, треба да се борам за мојот пат во тимот и да ги почитувам постарите играчи во клубот“.
Вечерва Манчестер јунајтед го пречекува Сент Етјен во натпревар од Лига Европа, а Ерик Баји ќе биде стартер во тимот.