Манчестер
јунајтед славеше на гостувањето кај Евертон со 0-2 и така обезбеди место во
полуфиналето од Карабао купот, меѓутоа на пресметката на „Гудисон“ се случи
повреда на Ришарлисон кој во 56 минута мораше предвреме да го заврши мечот.
Во 52 минута Бразилецот
доби удар во главата по дуелот со Ерик Баји кој не беше внимателен во таа
ситуација откако офанзивецот на Евертон се најде во сендвич помеѓу Баји и
Фернандеш па се здоби со голем удар во главата.
Ударов му донесе
за кратко зашеметеност, а по крајот на мечот Баји му се извини на социјалните
мрежи на својот ривал, а Бразилецот реагираше на одличен начин по таквиот гест.
„Се извининувам,
чувај се брат, ти си најдобриот“ му напиша Баји на Ришарлисон.
„Нема никаков
проблем, ти си многу добар дефанзивец, ти благодарам на пораката“ му возврати
Бразилецот.