Фудбалерите на Баерн Минхен со убедливи 3-0 славеа против Мајнц, но сепак останаа без шанса уште денес да ја запечатат титулата во Бундеслигата, бидејќи Леверкузен забележа нов триумф.
Домашниот состав го отвори резултатот во 27. минута кога по додавање од Лајмер стрелаше Сане, додека Олис со гол на пет минути пред крајот на првото полувреме се погрижи за 2-0. Во второто полувреме, Ерик Дајер со погодок во финишот ги постави конечните 3-0.
Сепак, Леверкузен под водство не дозволи никако изненадувања и со победата од 2-0 над Аугсбург, благодарение на головите на Шик и Буандија го одложи барем за едно коло славјето во Минхен.
Во останатите денешни натпревари, Борусија Дортмунд славеше со 3-2 на гости кај Хофенхајм, Кил го совлада Борусија Менхенгладбах со 4-3, а Фрајбург со минимални 1-0 го победи Волфсбург.