Баерн Минхен се повлече од трката за Де Лихт, останаа два гиганти како најзагреани за неговиот потпис

by
2 минути читање

Баерн Минхен се
откажа од трката за талентираниот фудбалер на Ајакс, Матијс де Лихт, пренесува
„ЕСПН“ базирајќи се на извори блиски до германскиот првак, а со тоа остануваат
уште два гиганти кои не се откажуваат од трката за потписот на 19 годишниот
фудбалер.

Се вели дека
германскиот првак иако имал позитивни преговори со капитенот на Ајакс, веќе го
известил дефанзивецот преку телефонска комуникација за тоа дека одредени
приоритети на трансфер пазарот ја отфрлиле можноста да испратат понуда за
неговите услуги.

Манчестер
јунајтед и Барселона се двата водечки гиганти за потписот на Де Лихт, додава „ЕСПН“,
а други медиуми пак го додаваат и ПСЖ, интерес за младиот Холанѓанец наводно
пријавува и Јувентус.

Де Лихт има
репрезентативни обврски овој период, а на собирот на националниот тим на
Холандија, новинарите не пропуштија прилика да го прашаат за тоа што ќе се
случи летово и каде би завршил.

Каде се гледам
себе си? Нема дилеми во тоа дека Премиерлигата е големо натпреварување, Шпанија
исто, но, има и други натпреварувања, не се работи само за тие две, се уште не
знам каде е мојата иднина, ќе видиме што ќе се случи
“ рече Де Лихт.

Баерн Минхен веќе
го осигура потписот на Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид, како и Бенџамин
Павард од Штутгарт со вкупно 115 милиони евра во двата трансфери, но, веројатно
дека во Минхен не се расположени за дополнителни трошоци за големи имиња во
составот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани