Баварците ја оправдаа улогата на фаворит во Москва и дојдоа до планираните три бода. Шампионотповеде уште во 13. минута од натпреварот кога по една убава акција Горецка погоди со глава за 0-1.
Тој резултатот долго беше актуелен, во 70. минута домаќините изедначија преку Миранчук, но нивната радост не траеше долго.
Девет минути подоцна Кимих постигна интересен погодок за победа од 2-1 на Баерн Минхен.
Интер може да жали што не го победи Шахтар Доњецк, два пати ја погодуваа пречката од домашниот гол, а супер шанса пропушти и Лаутаро Мартинез.
Во првото полувреме најпрво Барела со шут од далечина ја погоди пречката, а неколку минути подоцна тоа го направи и Лукаку, со шут од слободен удар.
Во второто полувреме една одбиена топка дојде до Лаутаро Мартинез, но Аргентинецот од идеална прилика го промаши голот.