Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Пауло Дибала би можел
да премине во редовите на Баерн Минхен, откако германскиот првак испратил
понуда вредна 80 милиони евра за Аргентинецот.
„Кориере дело
Спорт“ пренесувајќи извори од Германија, кои тврдат дека постои силно
одобрување за трката на Баварците за потписот на Дибала, а воедно потврдена е
сумата која веќе е подготвена.
25 годишниот
фудбалер од редовите на Јувентус се смета за еден од најголемите губитници во
Старата дама по доаѓањето на Кристијано Роналдо, всушност токму Аргентинецот
страдаше покрај големата ѕвезда постигнувајќи само 10 погодоци во веќе
изминатата сезона за италијанскиот првак, негов најслаб учинок досега во
кариерата.
Како и да е,
весникот предупредува на тоа дека во Јувентус се уште веруваат во Аргентинецот
и дека ќе размислат за негова евентуална продажба само во случај да пристигне
понуда од 100 милиони евра.
Од друга страна
пак, Баерн Минхен ќе мораат да направат реконструкција во тимот по Франк Рибери
и Архен Робен, а токму Дибала се наведува како почеток на големиот проект кој
Германците се приморани да го реализираат пред стартот на новата сезона.