Баерн Минхен ќе му ја понуди „десетката“ на Лерој Сане

by
1 минути читање

Баерн Минхен ќе
му го понуди дресот со број „10“ на фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане,
откако продолжуваат обидите на германскиот првак да дојдат до потписот на
офанзивецот, кој е од поодамна желба на тој клуб.

Изминативе 12
месеци Баерн Минхен е во постојани обиди за да го ангажира Сане, постоеа понуди
и претходно, но Манчестер Сити истите ги одби, откако во англискиот првак беа
категорични во намерата да го задржат Германецот во сопствените редови.

Сега, најнова
вест во однос на оваа тема е информацијата која ја објави „Билд“, во која јасно
се гледа дека во Баерн Минхен ќе се обидат на секаков можен начин да го убедат
Сане, па би му ја понудиле и популарната „десетка“, која претходно беше носена
од Архен Робен, Бриан Лаудруп, како и Лотар Матеус, а моментално ја носи Филипе
Кутињо, кој е на позајмица од Барселона, но Бразилецот нема да остане подолго
во составот на „Баварците“.

Интересен е
фактот што Сане постојано го носел дресот со број „19“, уште од настапите во
Шалке 04, а потоа и во Манчестер Сити, но, и во германската национална
селекција, иако во составот на „Панцирите“ има настапувано и со бројот „20“, „24“, односно „24“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×