Баерн Минхен бесплатно договори огромно засилување за дефанзивата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Откако Баерн Минхен повторно се врати на врвот во германскиот фудбал, клубот веќе активно работи на креирање на моќен состав за следната сезона.

Според најновите информации, Џонатан Та е новото засилување за дефанзивната линија на Баварците. Германскиот репрезентативец пристигнува во Минхен како слободен агент, откако неговиот договор со Баер Леверкузен истекува на 30. јуни.

Договорот меѓу Баерн и Та е веќе постигнат, а во Леверкузен веќе се информирани дека нивниот стопер се сели на „Алијанц Арена“.

Сепак, можно е трансферот да се забрза. Леверкузен очекува Баерн да ги контактира за евентуално предвремено заминување на Та, со што тој би бил достапен за Светското клупско првенство.

Доколку Баварците сакаат да го имаат Та на располагање уште пред официјалниот старт на новата сезона, ќе мора да платат обештетување на Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани