Баерн и Нојер се најдоа на средина: Поголема плата, договор до 2023 и останување на Тапаловиќ

by
1 минути читање

Раководството на
Баерн долго време беше во преговори со Мануел Нојер, еден период се шпекулираше
дека двете страни влегле во ќор сокак. Голманот побарал петгодишен договор и
плата од 20 милиони евра по сезона, услови кои клубот од Алианц Арена не бил
подготвен да ги понуди.

Сепак, постигнат
е компромис и Мануел Нојер денеска ја продолжи соработката со „баварците“.

Германецот доби
договор до 2023, платата ќе му биде поголема од сегашните 15 милиони евра, но
помала од бараните 20 милиони евра. Исто така, во клубот останува и тренерот на
голманите, Тони Тапаловиќ.

„За време на
карантинот поради пандемијата на коронавирус, не сакав да донесам одлука
бидејќи никој не знаеше како Бундеслигата ќе продолжи. Исто така, ми беше многу
важно да продолжам да работам со тренерот на голманите, Тони Тапаловиќ. Сега
кога и тоа е решено, со голем оптимизам гледам на иднината. Се чувствувам
комфорно и како дома во Баварија. Баерн е и останува еден од најголемите
клубови во светот на фудбалот“
– вели Мануел Нојер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×