Белгианецот е во
фокусот на медиумите откако оваа недела одново говореше за можноста да направи
трансфер на Сантијаго Бернабеу. Еден Азар, кој има договор со Челси до 2020,
истакна дека е растргнат помеѓу продолжување на верноста со „Сините“ и
остварување на детскиот сон за настап во Реал Мадрид.
Фудбалерот сега
имаше нова изјава, која е прилично изненадувачка, Еден Азар открива дека жали
за начинот на кој завршила соработката со Жозе Мурињо и сака повторно да игра
под водство на Португалецот.
Репрезентативецот
на „Црвените ѓаволи“ играше под палката на „Специјалниот“ нецели три години, стина до
титулата во Премиерлигата, но само неколку месеци по ваквиот успех, Жозе Мурињо
доби отказ откако резултатите на стартот од сезоната 2015/16 беа катастрофални.
„Во 12 години
како професионален фудбалер, имав само една лоша сезона, последните шест месеци
под водство на Мурињо, и делумно за ова сум и јас виновен“ – вели Азар. „Откако ја
освоивме титулата, побаравме од Мурињо екстра време за одмор. Кога се вратив
бев далеку од топ форма“.
„Последната
сезона под водство на Мурињо воопшто не беше за уживање. Не победувавме,
влеговме во рутина, тренинг, тренинг и само тренинг без да има забава. Па
најдобро за сите страни беше разделба. Но доколку ме прашате сега со кој тренер
би сакал повторно да соработувам, ќе кажам Мурињо“.
„Не жалам за
многу работи во кариерата, но жалам што повеќе не можев да соработувам со Жозе
Мурињо во Челси. Имавме тим кој можеше да освои повеќе титули, едноставно
влеговме во негативен циклус“.
„Му испратив
порака да му кажам дека жалам што заминал и да му се извинам. Се чувствував
малку виновен бидејќи бев играч на сезоната, бев оној кој ги одлучуваше
натпреварите, а потоа играв под очекувањата“.
Жозе Мурињо изминатиов период исто
така е во центарот на вниманието поради слабите резултати на Манчестер јунајтед
и критиките кои ги упатува до своите играчи. Еден Азар признава дека
Португалецот е прилично лош кога не оди како што треба, но говори и за другото
лице на стратегот.
„Доколку
резултатите се лоши, тој почнува да ги критикува своите играчи, го знаете
тоа, но по одредено време го прифатив ова, се помирив дека неговиот карактер е
таков“.
„Но доколку
победувате, Мурињо е најдобриот тренер кој можете да го замислите. Тогаш тој е
ваш пријател, можете да правите што сакате. Сакате слободен ден? Ви два два.
Доколку се оди како што треба, Мурињо го доживува фудбалот исто како мене, со
леснотија. Дури и неговиот имиџ како екстремно дефанзивен тренер не е толку
лош. Секако дека не е толку смел и храбар како Пеп Гвардиола, но во сезоната кога
станавме шампиони постигнавме многу погодоци и одигравме убави натпревари“.