Азар ги помина лекарските прегледи со Реал, пред Бернабеу има долги редици на неколку часа пред презентацијата (ФОТО и ВИДЕО)

by
2 минути читање

По неколку години
без голема ѕвезда, Флорентино Перез ова лето го одврза ќесето и потроши над 300
милиони евра. Најзвучно име до овој момент е Еден Азар, Белгиецот е најскапиот
трансфер во историјата на „кралевите“ во зделка вредна 100+50 милиони евра.

Тој попладнево
пристигна во Мадрид и веќе ги комплетираше лекарските прегледи. Сега останува
уште да стави потпис на документите и да биде презентиран, церемонијата
започнува во 19 часот.

Се очекукува
голем спектакл на Сантијаго Бернабеу и на неколку часа пред промоцијата има
долги редици и гужва пред стадионот.

Останува да се
види дали Еден Азар ќе може да го собори рекордот на Кристијано Роналдо кој
привлече околу 80.000 публика кога во 2009 стана нов „крал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани