Еден Азар никогаш
не криел дека има желба да го облече белиот дрес на Реал Мадрид и конечно ќе се
реализира еден ваков трансфер. „Кралевите“ и Челси си подадоа рака и
Белгиецот ќе се пресели на Бернабеу за почетни 88 милиони фунти (100 милиони
евра), а зделката може да достигне и 130 милиони фунти (речиси 150 милиони евра)
со бонус.
Покрај тоа што ќе
му се оствари сонот, Еден Азар и добро ќе се офајди. Како што пишува Ивнинг
Стандард, играчот во Мадрид ќе добие двојно поголема плата од таа која во
моментов ја има на Стемфорд Бриџ.
Белгиецот во Реал
ќе заработува 400.000 неделно, наспроти сегашните 200.000 фунти. Претворено во
евра на годишно ниво, тоа е околу 23,5 милиони евра. Вакви примиња на Бернабеу
нема никој друг, можно е само Кристијано Роналдо да имал слична
плата.