78
Третолигашот Лоте
е најпријатното изненадување во Купот на Германија, а како награда за добрите
игри доби пресметка со големата Борусија Дортмунд.
„Милионерите“
вечерва гостуваат во Лоте, мало место во близина на Оснабрик, и денот им почна
со пех.
Автобусот на
Борусија Дортмунд заглави во калта во една нива во близина на стадионот.
За среќа еден
фармер пристигнал за кратко време со својот трактор и помогнал автобусот да се
врати на пат кон стадионот.
Но проблемите не престанаа тука, вечерва падна снег, па средбата помеѓу Лоте и Дортмунд е одложена.