Австрија ја наполни мрежата на Македонија а селекторот не им е задоволен од ефикасноста: Требаше да водиме 3 или 4-1 на полувреме

by
2 минути читање

Австрија и одржа
лекција на Македонија победувајќи ја со 4-1. Гостите четири пати ја тресеа
мрежата на Димитриевски, но можеа најмалку уште толку пати да го направат тоа.

„Честитки за
моите фудбалери кои и покрај притисокот кои го имаа одиграа одличен натпревар,
на највисоко ниво, покажаа квалитет и заслужено победивме“,
вели селекторот на
Австрија, Франко Фода.

„Прво полувреме
игравме одлично требаше да водиме со 3 или 4-1 и по првите 45 минути, но во
вториот дел дадовме три голови и дојдовме до победата“.

„Игравме
фокусирано во текот на сите 90 минути, но еден недостаток мал е неискористувањето
на шансите, но јас сум максимално задоволен од играта и резултатот“.

„Фудбалот знае да
биде многу горка приказна, сетете се колку шанси пропуштивме против Израел, но
овој пат успеавме да реализираме, да изедначиме пред крајот на полувремето, на
одморот им реков дека ќе имаме уште шанси и ќе победиме, тоа и се случи“.

„Ние се бориме за
првите две места, по првите два порази се вративме, но има уште осум
натпревари, тесно е во групата, Полска маршира напред но е следена од другите
екипи“.

„Ние знаевме дека
4-4-2 ќе биде поставеноста на Македонија, тоа се промени во второто полувреме,
ние одговоривме на тоа, знаевме што може да направи македонската
репрезентација, со нашите контри успеавме да парираме соодветно преку крилата и
на тој начин дојдовме до победата на овој натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани