67
Интересно беше синоќа на дуелот во Франција каде Лион и Манчестер Сити ремизираа со 2-2, а гостите на два пати се враќаа од негатива.
Агуеро беше фудбалерот на Премиерлигашот кој успеа во 83. минута да погоди за неговиот тим да избегне пораз од ова тешко гостување, но ѕвездата на Сити на два пати беше „насамарен“ од младата голема надеж кај домаќините, Хусем Ауар.
Во само десет секунди, 20 годишниот фудбалер на Лион на два пати му ја протна топката низ нозете на Аргентинецот од редовите на англискиот првак.