Атлетико Мадрид е прв полуфиналист, заврши Лигата на шампионите за Лестер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Приказната на Лестер во Лигата на шампионите завршува во четвртфиналето, малиот англиски тим е елиминиран од Атлетико Мадрид.

Атлетико во Англија допатува со предност од 1-0 по првиот натпревар и успеа да ја сочува.

Натпреварот беше отворен во 26. минута кога по одлична систенција од Фелипе Луис, Нигуез погоди со глава за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.

Во 61. минута по една мешаница во шеснасетникот, топката дојде до Џејми Варди кој го изедначи резултатот на 1-1.

До крајот на натпреварот Лестер напаѓаше, имаше неколку убави шанси за пресврт, но Атлетико Мадрид се одбрани и дојде до ново полуфинале од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани