Аталанта нема по секоја цена да го продаде Папу Гомез, особено не на комшиите Интер и Милан

by
1 минути читање

Се очекуваше дека брзо во јануари Папу Гомез ќе си замине од Аталанта по големата кавга која ја имаше со тренерот Џај Пјеро Гасперини.

Но последните информации велат дека клубот не брза со негова продажба. Тие чекаат добра понуда, а преферираат да го продадат надвор од Италија.

Аталанта особено не сака евтино да го продаде Интер и Милан кои им се и регионални ривали.

Се верува дека Интер веќе го контактирал агентот на Папу Гомез, Бепе Рисо, но се уште немаат доставено официјална понуда.

Ако не добијат понуда каква што посакуваат, Аталанта е подготвена и да не го продаде Аргентинецот во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×