Астон Вила потврди дека ќе го играат денешниот дуел од ФА Купот против Ливерпул и покрај случаите на ковид-19 во нивниот прв тим.
Вила ќе биде без нивниот цел прв тим вклучувајќи ги и тренерот Дин Смит и ипомошниците Џон Тери, Крег Шекспир и Ричард Окели. Сите тие ќе бидат во изолација.
Правилата за ФА Купот велат дека тимот мора да настапи ако има 14 фудбалери на располагање вклучувајќи и играчи од младинскиот погон.
Поради тоа тие ќе состават тим од нивните У23 у У18 екипи и ќе го одиграат вечерашниот дуел со Ливерпул.
Но, нивниот дуел во среда против Тотнем е неизвесен. Деновиве ќе бидат правени нови тестови па ќе се знае колку фудбалери од првиот тим ќе им бидат на располагање.
Клубовите сметаат дека доколку некој во Премиерлигата настапи со играчи од младинските категории поради коронавирус, тоа ќе ја наруши регуларноста на првенството, па затоа мечевите се одложуваат за разлика од оние во ФА Купот.