Во рамки на 37. коло од Премиер лигата, Астон Вила славеше голема победа над Тотенхем со 2-0 на „Вила Парк“, со што направи нов крупен чекор кон пласман во Лигата на шампионите.
Избраниците на Унаи Емери одиграа трпеливо прво полувреме, во кое и двете екипи имаа свои моменти, но мрежите мируваа. МекГин се закани на самиот старт, додека на спротивната страна Сон одговори со солиден обид. Своја шанса не искористи ниту Асенсио, па на пауза се замина без голови.
Второто полувреме донесе многу поагресивен пристап од домаќините, кои поведоа во 59. минута. Езри Конса се најде на вистинското место по нафрлањето од корнер, и со мала помош од Воткинс ја затресе мрежата на гостите.
До крајот на натпреварот Вила ја потврди победата преку Бубакар Камара. Францускиот репрезентативец во 73. минута со прецизен удар го матираше голманот на Тотенхем и ги постави конечните 2-0.
Со овој триумф, Астон Вила се искачи на четвртата позиција со 66 освоени бодови и е во одлична позиција пред последното коло. Тотенхем, пак, останува со 38 бодови и се наоѓа во долниот дел од табелата, на 17. место.