Супериорниот крај
на сезоната за Кепа Аризабалага значеше и прво место на голот на најсилниот
шпански национален состав, а тоа воедно му даде предност на голманот на Челси
во однос на Давид де Хеа.
Асистентот на
Луис Енрике на клупата на Шпанија, Роберт Морено објасни зошто на вчерашниот
меч против Шведска кој „Црвената фурија“ Кепа стартуваше, а Де Хеа остана на
клупата за резерви.
Кепа забележа
уште еден меч на голот на Шпанија без примен гол во неговиот четврти настап за
таа селекција, а неговата форма во Лига Европа дополнително најавуваше ваков
исход на настаните.
Од друга страна
пак, Морено инсистира на тоа дека Де Хеа се уште има иднина во националниот
состав на Шпанија, тој признава дека националниот тим мора да биде со Кепа во
моментов најмногу поради неговата одлична форма во вториот дел од сезоната,
поточно во завршницата.
„Ние не мислиме
дека периодот на Де Хеа со Шпанија е готов, но, Кепа имаше неверојатна
завршница на сезоната, стана шампион на Европа со неверојатни перформанси“ рече
Морено.
„Во овие
конкретни моменти, ние сметаме дека Кепа би ни помогнал на подобар начин“
заклучи Морено кој истакна дека одлуката за да го задржат Кепа била заедничка
во консултација со Енрике, за кого се уште не се знае кога ќе се врати на
клупата на Шпанија, отсуствува од Март, и тоа поради семејни причини.