103
Името на Кун Агуеро често е дел од трансфер шпекулациите а последните информации велат дека Жоан Лапорта има договор со Аргентинецот, кој треба да се обврзе кон Барса до 2023 година.
АС вели дека ништо не е потпишано бидејќи Жоан Лапорта се уште официјално не е претседател и Карлес Тускетс е тој кој раководи со клубот.
Весникот исто така додава дека Кун Агуеро нема да биде единственото засилување за нападот, Жоан Лапорта не се откажува од Ерлинг Халанд, кој треба да биде бомбата на Барса во летниот преоден рок.
Кун Агуеро ќе треба да ја има улогата која ја одигра Хенрик Ларсон во Барса од 2004-2006, да носи квалитет од клупата и да помогне кога тимот ќе се мачи.