И натаму
неизвесно е што ќе се случи со иднината на првата ѕвезда на Челси, Еден Азар,
неговиот актуелен важечки договор со Премиерлигашот истекува идното лето, а за
неговата иднина постојат многу шпекулации, сепак, извесно е дека ќе дојде до
негов трансфер во Реал Мадрид.
Иако не се
исклучува можноста Белгиецот да продолжи со Челси, „АС“ наведува дека новите
лица во реконструираниот тим на Реал Мадрид за идната сезона веќе се мошне
близу за официјално да бидат претставени во јавноста.
Весникот додава
дека со оглед на тоа што немало да има никакви компликации во претстојните
неколку денови, во понеделник (3 јуни) Еден Азар и официјално ќе стане член на Реал Мадрид, а со тоа ќе стави крај на неговата седумгодишна авантура во Челси
по трансферот во Лил во 2012. година, со тоа што ќе се сврти кон новиот
предизвик под кормилото на неговиот идол
Зинедин Зидан.
Првиот човек на
Кралевите, Флорентино Перез во интервјуто кое го даде за „Онда Серо“ во
неделата, индиректно потврди дека Белгиецот е примарна цел во новиот проект под
водство на Зидан, меѓутоа одби да оди подалеку од тоа со оглед на големиот
натпревар за Белгиецот кој се игра токму вечерва, на што алудираше на тоа дека
не сакаат да разговараат со Челси во моментов со оглед на големиот натпревар
кој им е на програмата оваа седмица.
„АС“ потенцира
дека прва на програмата ќе биде презентацијата на Азар, но, истата нема да биде
единствена во претстојните денови во шпанската престолнина, таму се дискутира
околу периодот кога би требало да бидат претставени во јавноста како нови
засилувања уште и Лука Јовиќ и Ферланд Менди, за Јовиќ се шпекулира дека
договорот е веќе постигнат, а за Менди е биде финализиран наскоро.
Презентацијата на
18 годишниот Бразилец, Родриго кој во моментов настапува како позајмен во
Сантош, а веќе има договорен трансфер во Реал Мадрид од 1 јули исто така ќе се
случи во периодот кој претстои.