Арсенал ќе нема класичен напаѓач за пресметката против Славија Прага во Лигата на шампиони откако од комбинација отпадна и Виктор Ѓокереш, тренерот Микел Артета вели дека е загрижен од повредата на Швеѓанецот.
„Топчиите“ против Славија Прага веројатно ќе играат со Микел Мерино како „лажна деветка“.
Виктор Ѓокереш се повреди против Барнли во саботата, не тренира, па отпадна од комбинација за 4. коло во Лигата на шампиони.
„Тој дефинитивно нема да биде во составот“ – вели Микел Артета. „Во следните денови ќе треба да направиме уште неколку тестови и прегледи за да добиеме појасна слика за сериозноста на повредата. Но тој не е подготвен за настап“.
„Загрижен сум бидејќи досега немал многу мускулни повреди, а сега мораше да го напушти теренот откако почувствува нешто. Ова никогаш не е добар знак, особено за играч кој е многу, многу експлозивен“.
Од претходно надвор од стројот се и Габриел Жесус, Каи Хаверц, Габриел Мартинели, Нони Мадуеке и Мартин Одегард.
ФОТО: X/Arsenal