Артета за Џака: Се обидов да го убедам, мислам дека се предомисли

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета тврди дека се обидел да го убеди
довчерашниот капитен на „Топчиите“, Гранит Џака, да остане во клубот, Шпанецот
воедно додава дека претпоставува дека тој веќе се предомислил околу опцијата да
си замине.

Џака беше со една
нога вон Арсенал по проблемите кои настанаа со фановите на клубот, поточно со
конфронтацијата со нив, а веднаш му беше одземена и капитентската лента, тоа се
случи во октомври, а се чини дека проблемите се надминати.

Агентот на
Швајцарецот тврдеше дека веќе е постигнат договор за трансфер на фудбалерот во
бундеслигашот Херта, меѓутоа Артета сега навестува сосема друго сценарио, а тоа
е Џака да остане во клубот.

Првата моја
порака до него беше дека сакам да го ислушам целосно и да разберам како се
чувствува, односно зошто се чувствува така
“ рече Артета.

Сакав тој да
слушне лично од мене за тоа кое е моето мислење за него, како и тоа дека сум
подготвен да го притиснам клубот да го поддржи, бидејќи сметам дека тој е од
исклучителна важност за тимот и ќе ужива добар период играјќи под което кормило
во Арсенал
“ додаде Шпанецот.

Се обидов да го
убедам на таков начин, тој имаше доста позитивен одговор потоа и мислам дека се
предомисли
“ заклучи Артета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×