Челси е во голема криза, во последните пет натпревари од Премиерлигата има само една победа, дури три порази и едно реми и тоа со Астон Вила на Стемфорд Бриџ.
Роман Абрамович инвестираше сериозна сума во летниот преоден рок, повеќе од 200 милиони фунти, но резултати нема. Дел од новите аквизиции не функционираат, Тимо Вернер и Каи Хаверц се непрепознатливи во синиот дрес.
Познато е дека рускиот газда нема големо трпение кога на тренерите не им оди добро, тоа го имаат почувствувано речиси сите. Иако Лампард е миленик на навивачите и легенда на Челси, тешко е за верување дека ќе има посебен третман кај Роман Абрамович кого го интересираат само резултати.
Веќе почна силно да се шпекулира дека Томас Тухел ќе биде наследникот на Лампард кој нема да добие уште многу натпревари за да си ја спаси работата. А следниот меч е против Манчестер Сити на 3. јануари.
До неодамна Микел Артета беше тренерот кандидат за отказ, но по победата над Челси работите се променија, веќе никој не пишува за можен отказ на шпанскиот стратег.
Тренерот на Арсенал си купи време, а ако направи серија од добри резултати во Премиерлигата и дефинитивно ќе си ја спаси работата.
Сега Лампард ја презема фаворитската улога за отказ кога се во прашање големите клубови од Премиерлигата.