Микел Артета е среќен што го доби Обамејанг во формата за која и доби нов побогат договор.
„Мислам дека тој беше супер денеска. Тренираше навистина добро во текот на изминатата недела, па се врати во нормала. На тренинзите навистина се гледаше неговата глад за фудбал. Одигра одлично против Лидс, не беа само головите, туку и притисокот кој го правеше врз секој дефанзивец на противникот“, вели Артета.
„Среќен сум за него, тој го заслужи ова. Знаеме дека тој е важен дел за успешна иднна на Арсенал, кога Обамејанг е во својата најдобра форма и кога постигнува голови, ние сме поблиску до победи, тоа е јасно“.
„Не можеме да се потпираме само на него, но тој е големо парче во нашата сложувалка. И видовте на овој натпревар дека кога тој игра во својата најдобра форма, тешко е да се чува“.