Дербито на Северен Лондон ќе се игра на 14. март, а три дена подоцна Тотнем и Арсенал имаат обврски во Лигиа Европа.
Тотнем првиот меч против Динамо Загреб требаше да го игра во Хрватска, но УЕФА го промени распоредот на овој дуел, па првиот двобој ќе им биде во Лондон. За разлика од Тотнем, Арсенал ќе патува во Грција на средба со Олимпијакос.
УЕФА ја направи оваа промена бидејќи две екипи од ист град не смеат да играат во ист ден на домашен терен.
Но, Артета смета дека тоа не е фер бидејќи Тотнем ќе добие ден повеќе одмор дома, за разлика од нив кои вечерта ќе мора да летаат по мечот со Олимпијакос.
„За жал тоа нема да се промени. Ние можеме да го кренеме гласот и треба да го направиме тоа бидејќи сакаме двата тима да имаат еднакви услови. Но одлуката е направена и тоа е“, вели Артета.
„Не сакам да давам ни мал изговор за натпреварот и да речам во ред тие имаат имаат предност. Па веројатно ќе се обидам да го искористам тоа во наша полза. И тоа е тоа“.