179
Договорот на Месут Озил со Арсенал истекува по крајот на сезоната, претставниците на фудбалерот веќе почнаа да му бараат нов клуб.
Се зборува дека Озил е пред трансфер во Фенербахче, а како опција се посочува и заминување во МЛС.
Агентот на Озил, Еркут Согут изјави дека се ќе биде познато за седум до десет дена, а Артета вели дека играчот ќе може да замине само ако тоа му одговара на Арсенал.
„Доколку тој замине во јануари, тоа ќе биде затоа што тоа им одговарало и на двете страни“, вели Артета.
„Да биде добро за иднината на Озил и за клубот. Доколку тоа се случи, одиме понатаму. Ако не, фудбалерот ќе остане тука“.