Артета остана на дадениот збор и денес стави потпис на нов тригодишен договор со Арсенал

by bojan
1 минути читање
Артета

Микел Артета попладнево стави потпис на нов тригодишен договор со Арсенал, Шпанецот вели дека е горд и сака да донесе успех на клубот.

Изминатово лето, Микел Артета во неколку наврати беше запрашан за неговата иднина, а тој постојано нагласуваше дека приоритет е ангажманот на засилувања, за неговата иднина ќе се разговара откако ќе заврши трансфер пазарот.

Стратегот остана доследен на дадениот збор и две недели по крајот на преодниот рок, стави потпис на нов тригодишен договор со Арсенал.

„Многу сум горд и возбуден, со нетрпение го чекам она што ќе следува“ – вели Микел Артета.

„Задоволен сум од односот кој го имам со сите во клубот. Имам среќа секој ден да соработувам со квалитетни и амбициозни луѓе“.

„Се чувствувам инспирирано, чувствувам дека работата ми е предизвик, ја чувствувам поддршката на сите, па сакам да донесам уште поголеми постигнувања од тие до сега“.

„Зеадно со играчите и сите останати во клубот сакаме да донесеме успех“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани