Микел Артета е пресреќен поради начинот на кој одигра неговиот тим против Реал Мадрид, но знае дека ова е само прво полувреме и покрај убедливата победа од 3-0.
Арсенал го надигра и го победи Реал Мадрид со 3-0, топчиите дури можеа да слават и поубедливо, имаа многу шанси кои ги скроти Куртоа, а од гол линијата вадеа Алаба и Белингем.
„Ова беше прекрасна ноќ на највисоко ниво во Лигата на шампионите против тим кој го доминира ова натпреварување“, вели Артета.
„Одигравме фантастично во неверојатна атмосфера, нешто што немам видено тука претходно, креиравме магија, со два магични моменти на Деклан индивидуално и магичен момент за тимот генерално да одигра на начинот на кој го направивме тоа“.
„Се работи за вербата, треба да бидете супер уверени дека навистина го правите тоа. Тоа е начин на чувство на натпреварот и на вашата игра. Можевте да ја видите побликата 15-20 минути пред почетниот удар како веќе пееше и ни ја даваше таа енергија, и јас многу верувам во тоа“.
„Немавме постигнато гол од слободен удар уште од септември 2021 година и Деклан никогаш во кариерата претходно немаше дадено гол од слободен удар, а сега за 12 минути постигна два. Има нешто во енергијата, вербата и луѓето кои се стремат да дојдат до иста работа – работите се случуваат“.
„Ова е само полувреме. Имаме неверојатен меч да играме на Бернабеу и ќе одиме да го направиме тоа, повторно, да го кренеме нивото и да се подготвиме повторно да победиме“.