Артета како играч на Арсенал никогаш не го победи Манчестер јунајтед, но како тренер му успеа од прва! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Микел Артета конечно се радува на прва победа како тренер, Шпанецот го предводеше Арсенал до триумф против Манчестер јунајтед од 2-0. „Топчиите“ беа под притисок откако на претходните четири домашни натпревари претрпеа пораз, но вечерва се прикажаа во одлично светло.

Резултатот беше отворен во 8. минута, едно додавање на Озил се одби до Пепе, кој не погреши и го матираше Де Хеа.

Кон финишот на првиот дел, Пепе нафрли од корнер, Де Хеа одбрани но одбиената топка дојде до Сократис, кој ја затресе мрежата на гостите за 2-0.

Во продолжението од мечот, Манчестер јунајтед притисна и се обиде да стори нешто повеќе, но „ѓаволите“ креираа премалку чисти шанси, а и Лено беше на висината на задачата и на дозволи да биде совладан.

На крајот, Артета конечно победи против Манчестер јунајтед со Арсенал. Додека Шпанецот го носеше дресот на „топчиите“, неговиот тим само два пати триумфираше во пресметките со „ѓаволите“ а тогаш тој не беше дел од составот. Можеби како играч никогаш не успеал да слави, но како тренер му тргна од прва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани