Артета е импресиониран од Давид Луиз, Бразилецот ќе добие нов договор

by
0 минути читање

Артета не е импресиониран само од играта на Давид Луиз, туку и од неговото влијание врз помладите фудбалери. Го смета за еден од клучните играчи во тимот.

Многумина не го ценат Давид Луиз, но најважно за дефанзивецот е мислењето на неговиот тренер, а тоа веројатно ќе му обезбеди нов договор и продолжување на престојот во Лондон.

Бразилецот има специфичен стил на игра за централен дефанзивец, има и офанзивни карактеристики и тоа му се допаѓа на Артета без разлика што кариерата на Давид Луиз е исполнета и со многу киксови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани