Минатата сезона Арсенал го победи Челси во финалето од ФА Купот и Артета го освои првиот трофеј со топчиите.
Двете екипи сега повторно ќе се соочат, но овој пар Арсенал е во очајна форма за разлика од Челси кој има собрано 11 бода повеќе од топчиите.
По тој пораз на Вембли, Челси потроши околу 220 милиони фунти и ги донесе Хаким Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Каи Хаверц и Едвард Менди, а како слободен играч го ангажираа и Тиаго Силва.
„Јасно е дека Челси има голем состав со одлични фудбалери. Тимот со кој се сретнавме пред неколку месеци беше топ. Но во овој момент тие веројатно го имаат најсилниот состав во Премиерлигата“, вели Микел Артета.
„Тие вршат навистина добра работа, Френк е одличен. Има тим полн со самодоверба иако имаа и некои потешкотии се борат за највисоките места во лигата“.