271
Арсенал доби уште еден натпревар, овој пат го победија тимот на ВБА предводен од Сем Алардајс. Големиот Сем доживеа второ понижување по ред откако во претходно коло беше торпедиран од Лидс со 5-0.
Серијата ја отвори Тирни во 23. минута со прекрасен гол по една одлична негова соло акција. Пет минути подоцна одлична акција која заврши со гол на Сака за 2-0.
По 15 минути игра во второто полувреме по една мешаница Лаказет се снајде најдобро и погоди за водство од 3-0, веќе беше јасно кој е победникот во овој дуел.
А Лаказет погоди и во 64. минута поставувајќи ги конечнте 4-0.
Арсенал полека се приближува до горниот дел на табелата, а ВБА се чини дека ќе води тешка битка за опстанок.