Арсенал во Севиља ја пронајде замената за Ремси

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери според информациите кои пристигнуваат од
Островот сака да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Севиља, Евер Банега,
и тоа како замена за Арон Ремси за кого се шпекулира дека нема да го продолжи
договорот со Топчиите.

Договорот на
Велшанецот истекува идното лето, извесно е дека тој ќе си замине од редовите на
Арсенал како слободен агент на трансфер пазарот, доколку клубот не го продаде
во зимскиот преоден рок, бидејќи не постојат позитивни најави околу преговорите
за потпис на нов договор.

Дејли Мејл пишува
дека Топчиите веќе се подготвуваат за тоа што следи без Ремси, познато е дека
Емери работеше со Банега во неговиот престој во Андалузија, а сега тој посакува
нивната соработка да продолжи во Лондон.

Сами Мокбел од
Дејли Мејл тврди дека политиката на Премиерлигашот од Лондон е целосно
променета, а доказ за тоа се „новајлиите“ во тимот, нешто што претходно беше
незамисливо под водство на Венгер, иако новата ера почна во неговата последна
сезона под кормилото на тој клуб.

Фудбалерите како
Банега (30) не би влегле во комбинација од претходниот тренер Арсен Венгер, кој
преферираше да ангажира млади фудбалери кои имаат мала вредност на трансфер
пазарот, но, голем талент во себе. Сепак, последните засилувања како
Пјер-Емерик Обамејанг, Хенрих Мхитарјан, Сократис, како и Лихштајнер, сите се
над, или близу 30 годишна возраст
“ пишува тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани