Арсенал со Косиелни беше подобар од Баерн, без него катастрофален

by
1 минути читање

Арсенал доживеа срамна елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите, загуби од Баерн со 10-2 и стана англискиот тим кој загубил со најголема разлика во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Но можеби се ќе беше поинаку ако столбот на одбраната, Лорен Косиелни беше подолго на теренот.

Во првиот меч кој се играше во Минхен, Косиелни поради повреда во 49. минута го напушти мечот, во тие моменти резултатот беше 1-1. Синоќа во 53. минута контроверзно беше исклучен, во тој период Арсенал водеше со 1-0.

Статистиката за осминафиналните натпревари помеѓу Арсенал и Баерн Минхен вади еден многу интересен податок:

„Во 103 минути додека Косиелни беше на теренот за време на двата дуели против Баерн, Арсенал имаше водство од 2-1. Во 85 минути додека не беше на теренот тие губеа со 9-0“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани