129
Арсенал игра импресивно во последно време, тоа најдобро го почувствува Фулам кој денеска прими пет голови.
Натпреварот беше отворен во 29. минута кога по асистенција од Монреал, Лаказет погоди за водство на Арсенал од 1-0.
На една минута до крајот на првиот дел Фулам успеа да го изедначи резултатот, по една убава акција Шурле даде гол.
По четири минути игра во второто полувреме Лаказет со удар од далечина го врати водството на Арсенал, а Ремзи мајсторски во 67. минута зголеми на 3-1.
До крајот на натпреварот Обамејанг постигна уште два гола за конечна победа од 5-1 на Арсенал.