Арсенал по 5.159 дена победи на Олд Трафорд, Погба виновник за поразот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал конечно
се радува на Олд Трафорд во Премиерлигата
, по 5.159 дена, „топчиите“ слават на гости кај
лутиот ривал Манчестер јунајтед, претходната победа се случи дури во 2006.

Пол Погба е
трагичар откако реагираше неспретно и го собори Ектор Бељерин во шеснаесетникот,
иако десниот бек не преставуваше опасност по голот на Де Хеа. Пјер Емерик
Обамејанг превзеде одговорност и погоди од белата точка за 0-1 во 69. минута.

„Топчиите“ во финишот
од мечот го „паркираа автобусот“ па Манчестер јунајтед немаше многу шанси за
избегнување пораз, најблиску до гол беа кога Елнени сам си ја затресе стативате.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани