Арсенал моќно ја отвори сезоната, го понижи Сити во Комјунити Шилд! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал покажа кој е шампион на Англија, со убедливи 3-0 го победи Манчестер Сити и го крена првиот пехар оваа сезона.

Во дуелот меѓу шампионот и победникот во ФА Купот со кој традиционално почнува новата сезона, Арсенал одигра многу подобро и го растури Сити.

Резултатот беше отворен по само 23 секунди игра кога Калафиори постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.

Во 28. минута Хаверц погоди со глава зголемувајќи ја предноста на 2-0. Тоа беше резултатот по првиот дел.

По само три минути игра во второто полувреме, Одегард даде гол за конечна победа од 3-0.

Мареска имаше непријатно деби на официјален меч на клупата на Манчестер Сити, а ако по утрото се познава денот, ова ќе биде сезона на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×