Арсенал ја освои титулата, но веќе работи за следната сезона: Нов договор за Артета и сериозни инвестиции!

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал подготвува голема офанзива на трансфер пазарот, а прва задача на управата е да ја продолжи соработката со Микел Артета.

Според англиските медиуми, преговорите меѓу двете страни веќе се во тек и во клубот владее оптимизам дека шпанскиот стратег наскоро ќе потпише нов повеќегодишен договор. Со новата соработка Артета би можел да стане еден од најплатените тренери во англискиот фудбал.

По освоената титула во Премиер лигата, „топчиите“ планираат дополнително да го засилат составот. Приоритет се играч за врска, напаѓач и бек, а на листата на желби се Морган Роџерс од Астон Вила, Ели Жуниор Крупи од Борнмут и Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Роџерс и Крупи се проценуваат на повеќе од 80 милиони фунти, додека трансферот на Алварез би можел да надмине и 120 милиони фунти. Токму аргентинскиот репрезентативец е означен како идеално решение за нападот на Арсенал.

За да обезбеди средства за новите засилувања, клубот е подготвен да ги разгледа понудите за Габриел Жезус, Габриел Мартинели, Леандро Тросар, Бен Вајт и Фабио Виеира.

Во исто време, Арсенал сака да ги продолжи договорите и на Јуриен Тимбер и Деклан Рајс, додека одличните настапи на Мајлс Луис Скели ги натерале клупските челници да ги преиспитаат плановите за средниот ред. Летото ќе биде исклучително важно за лондонскиот гигант, а Артета ќе има клучен збор во создавањето на тимот кој треба да ја одбрани шампионската титула и да направи исчекор во европските натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×