Нејасно е дали Венгер и следната сезона ќе го води Арсенал, но клубот се подготвува за период после него.
Англиските медиуми пишуваат дека раководството има три желби, а прва е Масимо Алегри од Јувентус.
И покрај тоа што Јувентус игра уште една одлична сезона, Алегри за кратко време имаше недоразбирања со неколку од своите играчи, пред се со Дибала и Бонучи.
Доколку италијанскиот стратег реши да се впушти во нов предизвик, Арсенал и Премиерлигата сигурно дека ќе бидат една многу атрактивна опција за него.
Доколку не успеат да го ангажираат Алегри, втор на листата со желби на Арсенал е Томас Тухел од Борусија Дортмунд.
Како трета опција се споменува Диего Симеоне од Атлетико Мадрид. Тој можеби не би го продолжил атрактивниот стил на игра на Арсенал, но би внел борбеност и пожртвуваност карактеристики што му недостасуваат на овој тим кој игра под водство на Венгер.
Се верува дека Венгер во текот на март или почетокот на април ќе се изјасни дали ќе продолжи во Арсенал или ќе го напушти клубот.